Втор ден по ред, Грција бележи зголемување на бројот на заразени

од Берта Китинска

Втор ден по ред, Грција регистрира зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус – 1.820, што е највисоко во последните пет недели.

Нешто помалку од 60 000 луѓе биле тестирани во последните 24 часа. Девет лица починаа.

Најголем број новозаразени лица се регистрирани во Атика, Крит, Солун, Миконос и Крф, пренесуваат грчките медиуми.

Вчера се регистрирани 1.797 новоинфицирани од 66.464 тестирани, јави Танјуг.

Слични содржини