Втор разговор во два дена: Путин и Лукашенко најавија голема соработка

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателите на Белорусија и Русија, Александар Лукашенко и Владимир Путин, разговараа по телефон за зајакнување на заедничкиот одбранбен систем.

– Главни теми на разговор помеѓу Александар Лукашенко и Владимир Путин беа: функционирање на даночниот систем, прашања за соработка во воената индустрија, зајакнување на заедничкиот одбранбен систем, работата на медиумите во современи услови (информациска војна) – соопшти прес службата на претседателот на Белорусија.

Главната цел на решавање на овие прашања, како што е наведено во прес-службата, е да се изедначат условите за живот и економските субјекти во сојузот на двете земји.

Претседателот на Белорусија телефонски разговараше и со заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Да потсетиме, вчера претседателите на Русија и Белорусија имаа состанок во Сочи, кој траеше повеќе од шест часа. По тој повод, Лукашенко му се заблагодари на Путин за економската помош на Белорусија, додека рускиот лидер потсети дека Москва е најголемиот инвеститор во белоруската економија.

Слични содржини