Втор референдум за независност на Шкотска само со дозвола на британската влада

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Врховниот суд на Обединетото Кралство одлучи дека Шкотска не може да одржи втор референдум за независност без согласност на британската влада, јавува Би-Би-Си.

Шкотската премиерка Никола Старџен сакаше референдумот да се одржи на 19 октомври следната година, но судот едногласно одлучи дека таа нема овластување да го спроведе, пишува Би-Би-Си.

Судот го отфрли аргументот на Шкотска дека референдумот ќе биде советодавен и нема да има правно обврзувачки ефект за унијата на Шкотска и Англија.

Претседателот на судот, лорд Роберт Рид, изјави дека референдумот предложен од шкотската влада ќе се однесува на прашање за кое може да одлучува само Парламентот на Велика Британија.

Владите на Обединетото Кралство и на Шкотска изнесоа аргументи пред судот во текот на два дена минатиот месец.

Слични содржини