Актуелно
Почетна / Локално / Втора фаза од тeрестричното прскање против комарци во Скопје

Втора фаза од тeрестричното прскање против комарци во Скопје

Втората фаза од терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми и ларви од комарци, ќе се врши од утре, 29 јуни до 3 јули, во време од 22 до 23 часот, информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, велат, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

loading...