Втората фаза на тестирање на вакцината на „Вектор“ е при крај

од Vladimir Zorba

Втората фаза од клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, развиена од рускиот истражувачки центар за вирусологија и микробиологија „Вектор“, ќе заврши во периодот од 28 до 30 септември, објави ТАСС.

Ана Попова, директор на Федералната служба за надзор на заштитата на потрошувачите и човечката благосостојба, изјави дека втората фаза од вакцината развиена од центарот „Вектор“ ќе заврши на крајот на септември.

Попова за руската државна телевизија изјави дека оваа фаза од испитувањето е успешна, дека волонтерите развиваат антитела и дека никој од нив не покажал никакви клинички симптоми по приемот на вакцината.

Претходно, Федералната служба за надзор на заштитата на потрошувачите и човечката благосостојба објави дека постапката за регистрација на вакцината развиена од центарот „Вектор“ се очекува да заврши до 15 октомври.

Слични содржини