Вториот фустан кој Меган Маркел го облече на свадбената прослава

од Vladimir Zorba

Секоја свадба мора да има своја свадбена забава! По прекрасната церемонија, новото кралско семејство, принцот Хари и неговата сопруга Меган ги поканија своите најблиски и пријатели во Фрогмор Хаус.

Сите знаевме дека Војвотката од Сасекс ќе го смени нејзиниот фустан за свадбениот прием. Така за вечерната прослава таа се појави со прекрасен бел, со голи рамена и ролка-јака фустан, направен од британскиот дизајнер Стела Макартни. Но, не само тоа. И во оваа визија, Меган го чествуваше споменот на принцезата Дијана со прекрасен прстен кој припаѓал на принцезата на десната рака.

Принцот Хари, исто така, ја промени својата воена униформа со бела кошула, црни панталони и луксузно палто на кое неговата лептир машна стоеше совршено. Овој пат парот не се возеше со кочија, туку со светло син Јагуар, модел од 1968 година.Имаше и слики од свадбената торта, што беше различна од она што се очекуваше.
Ова ремек-дело на слатките е дело на Клер Прак. Тортата е со вкус на лимон, богата со павлака и сируп од боровинка.

Исклучителниот модел на венчаницата од утрото беше направен од модната куќа “Живанши” и чевлите на шпанскиот дизајнер Маноло Бланик. Дизајнер на тоалетата е Вајт Келер, која е првата жена креативен директор на брендот и не беше случајно избрана од страна на невестата.

Тиарата која блескаше во косата има долга историја. Таа ѝ припаѓала на кралицата Марија, која била баба на кралицата Елизабета II.
Тиарата е направена во 1932 година, а големиот камен што е акцентиран во неа е во 1892 година. Прекрасниот скапоцен камен ѝ бил предаден на сегашната кралица.

Велот беше од свилен тул со должина од 5 метри, а на него беа извезени 53 цветни мотиви кои оддаваат почит на 53-те земји од британската заедница.

 

Постои претпоставка за тоа колку чини фустанот на Меган, па некои пресметки зборуваат за 500.000 $.

 

Слични содржини