Вториот круг од изборите е сѐ или ништо за државата, вели Заев

од Nikola Popovski

Со победата на ВМРО-ДПМНЕ немам дилеми што се враќа. Тоа е нивна определба. Ги знам по структура какви се таму луѓето, истакна премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во емисијата „Клик плус“.

Тој посочува дека на 31-ви е сѐ или ништо.

-Се носи одлуката и треба да си знаат. Ова не е ниту закана, ова е чесно споделување на чувствата. Јас реков никој не е определен и гарантиран од татко му, од партијата дека е таму и таму. Важно е само народот и државата.  Сето друго и менливо и минливо, вели Заев.

Според него, „во такви околности тој како премиер на Влада предводена од него не може да влече напред кон ЕУ кога имате политики на локално ниво кои што ќе направат се за да се скараат со Бугарија со Грција“.

 

Слични содржини