Второ полувреме за паметење, магија на Ливерпул и Сити

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Сити ремизираа 2: 2 во дербито на седмото коло во Премиер лигата.

Првото полувреме беше крајно „лошо“ со играта и шансите, но Манчестер Сити сепак успеа да создаде две добри можности за гол.

Фил Фоден ја промаши првата во средината на полувремето, но Алисон успешно интервенираше. Втор се закани Кевин Де Брујн, но неговиот удар со глава заврши за малку над гредата.

Ливерпул шутна само еднаш во првиот дел од играта и тој удар беше блокиран.

Сепак, приказната целосно се сврте во второто полувреме. Ливерпул започна да напаѓа, при што и поседот беше значително на нивна страна.

По иницијатива дојде голот, а стрелец беше Мане по асистенцијата на Салах.

Само десет минути потоа, Сити израмни преку Фоден, кој одлично реагираше по додавањето на Габриел Жесус.

Домашните играчи повторно поведоа преку Салах во 76. минута, но конечниот резултат го постави Де Брујн со гол од работ на шеснаесетникот.

Двата тима ја покажаа иницијативата да стигнат до победничкиот гол, но тоа сепак не се случи, па пленот од Енфилд беше поделен.

Ливерпул сега е втор на табелата со 15 бодови, додека „граѓаните“ се трети со еден бод помалку.

Слични содржини