Вучиќ денеска ќе се сретне со Вархеји

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ќе биде домаќин на комесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји.

Како што соопштија од службата за медиумска соработка на српскиот претседател, планирано е Вучиќ и Вархеји со воз од железничката станица во Белград Центар да стигнат до до станицата Рипањ, по што ќе следи тет-а-тет средба.

Потоа се планира свечено потпишување на првата транша од инвестицискиот грант за делницата Белград-Ниш како дел од финансискиот пакет за Железничкиот коридор 10.

Слични содржини