Вучиќ: Мора да вложиме многу пари и во одбранбената индустрија и во армијата

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го посети Меѓународниот саем за оружје и воена опрема „IDEX 2023“ во Абу Даби, во рамки на работната посета на ОАЕ, при што изјави дека постои голем интерес за оружјето на српската одбранбена индустрија.

„Зошто сега сите ги купуваат нашите PASARS-и , затоа што ќе интегрирате повеќе оружје во тоа едно оклопно борбено возило. Кога на тоа ќе ги интегрираме Мистралите и некои други митралези со помал калибар, тогаш тоа е неверојатно моќно оружје. Овие системски интеграции се прават насекаде и сите сакаат да го купат нашето оружје“, рече Вучиќ за време на обиколката на саемот.

„Нашата армија мора да биде многу посилна, нашата армија е неспоредливо посилна отколку што беше. Ова има врска со одбранбената индустрија и мораме да вложиме многу пари и во одбранбената индустрија и во армијата“, истакна Вучиќ.

Слични содржини