ВУЧИЌ: Некој планирал конфликт, не случајно на северот е испратена целата полиција што ја има во Приштина

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва и се обрати на јавноста по враќањето од Брисел, каде денеска имаше преговори со премиерот на Косово, Албин Курти, со посредство на претставници на ЕУ – Жозеп Борел и Мирослав Лајчак.

Како што рече претседателот на Србија, договор не е постигнат, бидејќи Курти бил против се, додека Вучиќ ги прифатил сите предлози, што го потврдил и Борел.

„Не еднаш реков, подобро е да се зборува 100 години отколку да се војува еден ден. Што беше проблематично денес? Ништо за нас. Очигледно некој друг сакал конфликт и го планирал. Не случајно вечерва сите полицајци во Приштина беа испратени на четири места“, изјави Вучиќ.

Коментирајќи ги обвинувањата на Курти против Борел, Вучиќ рече: „Гледам дека цели кон Борел, бидејќи претпоставувам дека сите мора да бидат глуви и слепи за да не видат што се случува. Благодарен сум на Борел што се однесуваше коректно“.

За можното собирање на српскиот народ на демонстрациите на северот на Косово, претседателот вели: „Клучната порака за нив е што и да прават, протестите не смеат да бидат насилни, туку мирни“.

На прашањето кога ќе биде следната средба со делегацијата од Приштина, Вучиќ немаше одговор:

„НАко не можеме да се договориме за вакво нешто… За што? За признавањето на Косово? Тоа не е наша политика. За нас нема ништо поважно отколку зачувување на мирот“.

„Мојата главна порака е да се потрудиме да го зачуваме мирот, за да не сме виновни ние Србите. Србите ги напуштаат институциите затоа што нема да го направат тоа што е потпишано, а тоа е ЗСО, затоа што сакаат да пишуваат казни за регистарски таблички, но немаат право, исто како што немаат право на да ги сменат и регионалните полициски началници“.

Слични содржини