Вучиќ нема да го менува Уставот: Ова е мој последен мандат

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска порача дека нема да го менува Уставот на неговата земја за да биде претседател повеќе од два мандати. Тој истакна и дека „во првата половина на следната година“ повеќе нема да биде претседател на неговата политичка партија.

„Ова е мојот последен мандат, нема да го менувам Уставот, ништо од тоа… Во првата половина на следната година нема да бидам ни претседател на политичка партија“, рече Вучиќ на своето годишно обраќање до јавноста.

Тој оцени дека 2023 година ќе биде потешка од 2022 година во Европа и светот, а тоа ќе ја погоди и Србија.

Вучиќ рече дека Србија денеска има 580 милиони кубни метри гас и дека кога ќе заврши зимата, Банатски двор ќе остане полн, а дополнителни количини гас ќе останат и во складиштето во Унгарија.

Претседателот најави дека Србија ќе го продолжи договорот со Унгарија за складирање гас, „за да биде подготвена за следната зима“.

Зборувајќи за цената на струјата, тој рече дека таа ќе биде „втора најниска во Европа“. Вучиќ најави и дека државните органи ќе се борат за одржување на низок процент на невработеност, кој според него е рекордно низок.

Слични содржини