Вучиќ од Катар: Не продававме оружје ниту на Русите, ниту на Украинците

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека ниту едно парче српско оружје, алатки или муниција не се продава на Русија или Украина и дека оние кои тврдат се „лажговци и дека треба „да се срамат затоа што нанесуваат штета на Србија“.

„За Србија, постојат, во согласност со меѓународните закони, т.н. дозволенни корисници и само на такви земји, Србија може да извезува. Направивме сè во согласност со законот, ние сме чисти како солза “, рече Вушиќ од Доха, каде учествуваше на конференцијата во Обединетите нации.

По повод наводите дека оружјето во Украина од Србија е извезено преку Турција, рече дека Србија „дополнително се заштитила“ знаејќи дека постои можност дел од стоката да заврши на друго место.

„Додадовме дека е невозможно да се извезува муницијата што му ја дадовме на Турција без наша согласност“, рече Вучиќ со констатацијата дека Србија „никој не тера да војува“.

Слични содржини