Вучиќ од Тирана: „Дојдов за да имаме шанса да кажеме што мислиме“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по пристигнувањето на Самитот на лидерите на ЕУ за Западен Балкан во Тирана изјави дека на состанокот присуствува не само поради неговото пријателство со Албанија, туку и затоа што, како што рече, секогаш е подобро да бидеш на маса кога се водат дискусии, бидејќи кога не си на маса, обично си „на менито“.

„Ова е добра можност да се заштитат интересите на Србија“, рече Вучиќ.

„Дојдов во Тирана за да имаме шанса да кажеме што мислиме“

Вучиќ посочи дека по консултации на државно ниво, сепак одлучил да дојде на Самитот во Тирана, бидејќи на тој начин Србија ќе има шанса да каже што мисли за преговорите со Приштина и преговорите за влез во ЕУ.

Вучиќ ова го изјави во пресрет на Самитот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан како одговор на новинарско прашање „зошто на крајот сепак дојде, иако прво најави дека нема да дојде“.

„Имаше неколку причини зошто се двоумевме да дојдеме. Некои беа поврзани со Косово и Метохија, а некои со дијалог со ЕУ. По консултации со државните органи, беше одлучено да дојдеме сепак бидејќи веруваме дека на овој начин ќе имаме шанса да кажеме нешто за тоа што мислиме за дијалогот и преговорите со ЕУ“, рече Вучиќ.

Слични содржини