Вучиќ: Одам во Брисел, не сум оптимист

од Vladimir Zorba

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека ќе отпатува за Брисел на утрешната средба, нагласувајќи дека патува не затоа што мисли дека може да се постигне договор, туку затоа што „не сака да им даде причина да кажaт дека Србија не сака учествува“.

Вучиќ на ТВ Прва на прашањето дали очекува договор во Брисел рече дека не е оптимист.

„До доцна синоќа не знаевме кога треба да пристигнеме. Разговорите треба да започнат утре наутро во осум. Ќе тргнеме или вечерва или рано наутро“, рече претседателот.

Приштина ја започна акцијата за протерување на Србите на Косово, почнувајќи од војската на Косово и наводната декриминализација на северот, распишување избори… се обидуваме да го оневозможиме тој план. Србите не се враќаат во институциите, туку го спречуваат пеколниот план на Курти дека не сака Срби на Косово“, истакна Вучиќ.

Слични содржини