Вучиќ по инцидентот во Митровица: Добро е што нема жртви

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Тирана изјави дека е запознаен со последните случувања на Косово и посочи дека тоа е спротивно на Договорот од Брисел, објавија српските медиуми.

„Добро е што според досегашните податоци немаме информации за жртви. Што се однесува до тајмингот, не знам по што се водат овие луѓе. Не ми е јасно зошто сакаат да прават тензии. Не ми е јасно зошто сакаат да прават тензии. Не ни претстои лесен период. Остануваме заедно со нашите луѓе во КиМ, но исто така е важно да се обидеме да се договориме за се што е можно со Албанците, да го зачуваме мирот. Се надевам дека Мирослав Лајчак денеска ќе ја има својата улога како и досега“, изјави Вучиќ.

Како што изјави, сега е мирно, а се чека извештај од болничкиот центар во Митровица.

„Според Бриселскиот договор, косовските полицајци не можат да влезат на север без согласност на четворицата градоначалници. Тие не побарале ниту еден од четворицата градоначалници. Очигледно не побарале ниту од КФОР. Се обиделе да упаднат во општинските изборни комисии, да ги окупираат зградите, граѓаните секако се побунија. Никој не знае зошто мораше да го направат тоа, но сакаа да го направат тоа, потоа имаше помали судири и потоа косовските полициски сили се повлекоа“, рече Вучиќ.

Инаку денес членови на општинската изборна комисија во Северна Митровица, придружувани од специјалната косовска полиција, упаднаа во просториите што ги користеше ОИК на претходните избори, а градот ечеше од истрели и сирени.

Сирени се слушаа и во Лепосавиќ, а забележливо беше зголемено присуството на припадници на ЕУЛЕКС.

Претходно и во Зубин Поток членови на општинската изборна комисија придружувани од косовската полиција, влегоа во зградата на општината.

Слични содржини