Вучиќ претпладнево ќе и се обрати на јавноста за планот за имплементација

од Vladimir Zorba

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во 11 часот ќе и се обрати на јавноста со цел да го покаже и објасни планот за имплементација, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ синоќа по повеќе од 13 часа разговори изјави дека во Охрид е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат дел од преговарачката рамка и дека не потпишал ништо на разговорите со претставниците на ЕУ и САД и косовскиот премиер Албин Курти.

Тој рече дека Европскиот совет на пат што ќе биде долг ќе оцени колку кој направил од планот за имплементација. Ќе се оценува независно за секоја од страните што направиле.

– За нас приоритетна обврска е да се формира ЗСО согласно претходните обврски од дијалогот, рече Вучиќ.

Слични содржини