Вучиќ се сретна со Ескобар: Разговарале за ЗСО и изнаоѓање одржливи решенија во дијалогот

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го прими заменик-помошникот државен секретар и специјален пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, со кого разговарал за процесот на нормализација на односите со Приштина, за формирање на Заедницата на српските општини и можностите за изнаоѓање компромисни и одржливи решенија во дијалогот што води со посредство на Европската Унија.

Вучиќ ја повтори непроменетата позиција на Србија во однос на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот и решавањето на отворените прашања меѓу Белград и Приштина, со акцент на целосно спроведување на досега потпишаните договори и зачувување на државните и националните интереси.

Претседателот им се заблагодари на САД за поддршката што ја даваат на дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и за ангажманот кога станува збор за безбедноста и заштитата на српскиот народ на Косово и формирањето на Заедницата на српските општини, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Слични содржини