Вучиќ: Секогаш ќе поделиме сè со нашиот братски народ во Македонија

од Nikola Popovski

Не можете да живеете без енергија и индустријата и земјата не може да оди напред. Блиску сме до договор со Димитар (Ковачевски), имаме неколку можности во овој момент, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната заедничка прес-конференција со лидерите од Западен Балкан како дел од Конференцијата за инвестиции во обновливи извори на енергија која се одржува во Белград.

Вучиќ уште еднаш го повтори својот став за Македонија и македонскиот народ.

-Со нашиот братски народ во С. Македонија секогаш се ќе поделиме и за нас тоа е во ред. С. Македонија е многу добра и сметам дека тоа е добра вест за луѓето, не само кај нашиот јужен сосед, туку и во регионот да направиме таков договор околу нивната гасна електрана. Работите не се лесни, но ги предвидовме сите потешки и лоши работи. Не можам да кажам дека тече мед и млеко и дека цвета цвеќе, рече меѓу другото Вучиќ како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини