Вучиќ за планираниот атентат: Ќе се појават нови информации, не сакав да носам панцир

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска зборуваше за тоа што сведокот соработник Срѓан Лалиќ признал дека криминалната група на Вељко Беливук планирала атентат врз него и дека некои луѓе се смееле на тоа, па праша дали сега некој ќе се извини за тоа.

Претседателот рече дека има потврди за планираниот напад врз него и дека властите знаат кој требало да учествува во извршувањето на тој напад и најави дека ќе се појават нови информации за тоа.

Вучиќ го кажа ова како одговор на изјавата на новинарот дека вчерашното сведочење на обвинетиот сведок Срѓан Лалиќ на судењето на криминалната група Вељко Беливук и Марко Миљковиќ го исполнило сето она за што спрските безбедносни служби зборувале дека планираат да го убијат.

Тој нагласи и дека службите на Република Србија не можат да измислуваат оперативни податоци, како и дека има нови податоци за планираните дејствија.

„Ќе се појават нови податоци, сега имаме преземени нови пакети од телефонот. Тие исто така почнуваат да зборуваат за убивање или напад врз мене. Сега имаме потврди и знаеме се за тоа кој учествувал во тие приказни и кој требало да учествува во егзекуцијата и во првите и во подоцнежните обиди“, изјави Вучиќ, цитиран од „Танјуг“.

Тој додава дека тоа „и не било преголема тајна“.

„Се свртев кон Вулин тој ден (на отворањето на споменикот на Стефан Немања) и му реков: Што ти е што се тресеш. Не сакав ни да носам панцир затоа што реков дека никогаш нема да носам панцир во мојата земја“, изјави Вучиќ.

Слични содржини