Вучиќ: Абортусот е право на жената – дали ми се допаѓа или не, е друго прашање

од Nikola Popovski

Неодамна, Врховниот суд на САД донесе одлука да ја поништи пресудата според која милион жени во Америка ќе го изгубат своето законско право за абортус. Оваа пресуда ќе ги трансформира правата за абортус во Америка, а некои држави сега можат целосно да ја забранат процедурата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска бил запрашан какво е неговото мислење за правото на абортус, на што тој одговорил дека никогаш нема да поддржи забрана.

На прашањето каков е неговиот став за тоа, Вучиќ рече дека никогаш не би поддржал ваква забрана.

„Мислам дека абортусот е право на жената, а дали ми се допаѓа или не, е друго прашање. Секако, право на жените, мајките е да одлучуваат. Имаме закони кои го регулираат тоа на свој начин и не планираме ништо да менуваме“, одговорил Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Според него, тој никогаш не би го поддржал тоа, а како што вели: „Не планиравме ништо да менуваме“.

Слични содржини