Вучиќ: Ако го признаам Косово, ќе добијам Нобелова награда

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во емисијата „Ćirilica“, зборувал за најактуелните теми во неговата земја, особено за ситуцијата со Косово.

„Само слаба, неуспешна и Србија без резултати би била добра Србија, а јас најдобриот во светот. Ако го признаев Косово, ќе ја добиев Нобеловата награда за мир. Сепак, добив орден од Владимир Путин“, рекол Вучиќ, кој додал дека тој е единствениот претседател со голем број награди и одликувања.

„Доста ми е од награди, единствената награда за мене е успехот на нашата земја“, потенцирал Вучиќ.

Слични содржини