Вучиќ: Ако се прашував јас, ќе имаше публика на Ѕвезда – Милан

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакнал дека сакал да види навивачи на мечот од шеснаесеттото финале во Лигата на Европа помеѓу Црвена Ѕвезда и Милан (2:2).

Овој натпревар се одигра минатиот четврток на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, а по одлуката на српскиот Кризен штаб, на овој натпревар немаше навивачи.

Вучиќ истакна дека ќе донесел поинаква одлука, но дека се согласил со проценката на надлежните здравствени органи.

„Да ме прашавте мене, јас ќе дозволев публика на мечот Ѕвезда-Милан, бидејќи мислам дека пет илјади луѓе на таков стадион нема да значат никому ништо, но ја поддржав одлуката на Кризниот штаб. Ако од почеток се потпиравме на експерти, така и ќе завршиме. Не можеме да се потпреме на нив кога ни одговара, а да одиме против нив кога не ги сакаме нивните одлуки“, рече Вучиќ.

Да потсетиме, белградските црве-бели овој четврток (21.00 часот) ќе го одиграат реваншот во Милано.

loading...

Слични содржини