Вучиќ без никаков доказ: Младите од клупата ја нападнаа полицијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изнесе неверојатно тврдење дека тројца млади момчиња кои синоќа беа брутално претепани од полицијата – ја нападнале полицијата!

Одговарајќи на прашањето на репортерот на N1 дали полицискиот напад врз тројцата млади мажи кои седеле мирно на клупата може да се смета за оправдан, Вучиќ ладно одговори дека тие исто така ја нападнале полицијата, без притоа да понуди докази за тоа тврдење.

Тројцата млади мажи седеа мирно на клупа во паркот „Пионир“ кога полицијата помина по патеката каде беше нивната клупа.

Иако снимките што се споделуваат на социјалните мрежи ги прикажуваат како седат и гледаат како поминува кордонот, тие наскоро стануваат мета на брутален напад на полицајците.

Слични содржини