Вучиќ: Додека сум жив, нема да одам во Хрватска на море

од Берта Китинска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во петокот изјави дека мора да даде се од себе Србија да има најдобри односи со соседите, но дека не смее да заборави што се случи со српскиот народ во Втората светска војна.

Вучиќ во интервју за Првата телевизија рече дека десетици илјади луѓе годишно летуваат во Хрватска и дека негов личен став е дека таму нема да оди на море „додека е жив“.

Тој додаде дека не сакал да оди на море, туку во Јасеновац, за да покаже почит кон жртвите и дека побарал повторно да го посети местото на страдањето, но дека ништо не се случило.

Тој ја повтори својата претходна изјава дека е шокиран што во Белград нема улица посветена на жртвите од Јасеновац, ниту споменик, пренесува ФоНет.

Вучиќ оцени дека во Хрватска е почната ревизија на историјата.

Како што рече, Хрватска е лута поради одбележувањето на злосторството на патот Петровац, бидејќи сакаат да покажат дека акцијата „Бура“ била „чиста“.

Слични содржини