Вучиќ: Франција и Германија ми поднесоа предлог, Косово во ОН без формално признавање од Србија

од Destan Jonuzi

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето неделно обраќање изјави дека добил предлог од Германија и Франција и дека истиот продолжува да го има на маса. Идејата на овој предлог е Косово да стане членка на ОН „вака или онака, без признавање од Србија“, пишува N1, пренесува косовската Газета Експрес.

Сепак, тој дополнително додаде дека Србија нема да биде „уште понижена и нема да биде принудена официјално да го признае Косово“.

-Западните земји ќе се обидат, како што мислат, да го решат косовскиот проблем на еден или друг начин, со влезот на Косово во ОН и затоа што мислат дека така ги решаваат внатреевропските проблеми, а втората причина е, без сомнеж, да се отстрани аргументот на Косово како алиби на Владимир Путин и Руската Федерација, изјави Вучиќ.

„Кога реков дека се менува архитектурата на преговорите, тогаш бев демантиран од ЕУ, не разбрав која е целта на тој демант. Денеска на маса имаме предлог од двете најголеми европски сили, Германија и Франција, а тој предлог е предлог за кој мора да разговараме“, додаде Вучиќ.

Тој рече дека е неодговорно и несериозно да не се разгледува тој предлог, но дека не е сигурен дека може да се прифати. Ставот на Србија, додаде тој, „е дека мора да разговараме и да работиме на помирување со Албанците и нормализација на нашите односи“.

Слични содржини