Вучиќ го нагости Мишел со ќебапи (ФОТО)

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на социјалните мрежи објави фотографија како подготвува ќебапи со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел по денешните официјални средби во Белград.

– Заедно подготвувавме ќебапи. Благодарност до Шарл Мишел за посетата и за поддршката за европската иднина на Србија , напишал Вучиќ под фотографијата.

Претходно, за време на своето обраќање по средбата со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Вучиќ откри што има на менито за вечера.

– Решив предјадењето, главното јадење и десертот да бидат само месо. Не можеме да му понудиме на претседателот Мишел подобра риба отколку што може да јаде во Франција. Ова е првпат ниту претседателот Мишел, ниту некој од неговата делегација да нема ниту едно барање. Вечерва ќе разговараме за сѐ со добро српско месо, појаснил Вучиќ.

 

Слични содржини