Вучиќ гостите ги “прошета” низ “сите делови на Србија”

од desk3

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва, заедно со високите гости кои присуствуваа на неговата инаугурација во Палатата Србија, ги обиколи салоните во тоа здание кои специјално за оваа прилика беа прилагодени и ги претставуваа делови на Србија со што и заврши свеченоста по повод инаугурацијата. Во тие салони се претставени убавината и историјата на регионите на Србија – Јужна, Источна, Централна и Западна, потоа Војводина и Косов и Метохија, како и Рашката област и Белград. 

Вучиќ гостите ги “прошета” низ “сите делови на Србија” каде можеа да се запознаат со храната, обичаите, традицијата и специфичности на поедините делови на земјата, а посебно се издвојува делот кој е наменет за претставување на  Иовацијата и модерната технологија, во кои гостите ги дочека и “Никола Тесла со своите изуми “. Во Палатата Србија денес се одржа свечен прием по повод на превземањето на должноста претседател на Србија, а шефот на државата со сопругата Тамара ги дочекуваше гостите од Србија, регионот, Европа и светот.

Многубројните шефови на држави и влади како и другите високи гости Вучиќ со сопругата Тамара ги дочека во централнито хол на Палатата, а потоа следеше и неговото обраќање кон присутните.  После говорот на претседателот на Србија следеше свечен дел на програмата кој почна со песната “Ова е Србија ” во изведба на детскиот хор, а настапија и ансамблите Врело, КУД Коло и Уна сага сербица, а потоа и трубачите на Дејан Петровиќ.

 

Слични содржини