Вучиќ и Курти следната недела во Брисел

од Vladimir Zorba

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе се состанат следната недела во Брисел, дознава приштинскиот портал „Демократија“ од меѓународни извори.

Според „Репортери“, на состанокот ќе присуствуваат високи европски претставници. Се очекува Вучиќ да замине прв во Брисел, а по него и Курти.

На состаноците ќе се разговара за можноста за продолжување на дијалогот и создавање рамка за процесот, рече изворот.

По посетата на Брисел, Курти и Вучиќ во наредните недели се очекуваат официјални посети на Париз, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.

На средбите во Брисел и Париз ќе се дискутира за нов формат на дијалог меѓу Србија и Косово, со посредство на Европската унија, пренесува „Косово онлајн“.

Слични содржини