Вучиќ: Имам поддршка од Јокиќ со негов потпис

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва, на последниот ден од изборната кампања, гостувал на РТС, во емисија во која меѓу другото зборувал и за поддршката што ја добил од спортистите и познатите личности.

Вучиќ ги коментирал пишувањата на некои медиуми за тоа како ги злоупотребува најдобрите српски спортисти за кампањата.

Вучиќ претходно денеска на предизборниот митинг на СНС во Вождовац изјави дека добил поддршка од познатиот кошаркар Никола Јокиќ и вети дека ќе го покаже потписот за поддршка на Јокиќ.

Во изјавата за РТС, Вучиќ го покажал потписот што за неговата партија го дал Јокиќ.

„Тие напишаа дека сум ја измислил поддршката на Никола Јокиќ и некои други спортисти“, рече тој, покажувајќи на хартија во која се тврди дека го има потписот на Јокиќ.

„Го донесов да покажам, ова е потписот на Никола Јокиќ. Тој го потпиша во Денвер на 14 февруари 2022 година“, рече Вучиќ, наведувајќи дека тоа е оригинален документ.

Тој додаде дека ќе даде се од себе и ќе го убеди Јокиќ да игра за кошаркарската репрезентација на Србија во септември во Прага и Берлин.

Фото: Isaiah J. Downing-USA TODAY Sports

Слични содржини