Вучиќ ќе ја прими кинеската вакцина, открила Брнабиќ

од Nikola Popovski

Премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави дека претседателот Александар Вучиќ најверојатно ќе ја прими кинеска вакцина против коронавирус, пренесува РТС.

Како што е наведено во изјавата на премиерката по примањето на вакцината, нејзината обврска и чест била „да го отвори патот за сите граѓани“.

Таа објасни дека договорот со претседателот Вучиќ бил двајцата да примат две различни вакцини, бидејќи во моментот имаат вакцина на конзорциумот „Фајзер“ и „Бионтек“, а наскоро се очекуваат и вакцини од кинески „Синофарм“, како и одредени количини руска вакцина „Спутник 5“.

Таа вели дека е сигурна дека на крајот на првиот квартал или почетокот на втората ќе ја имаат вакцината на компанијата „Астра-Зенека“, а потоа и „Модерниа“. Брнабиќ додава дека граѓаните ќе ги имаат на располагање сите вакцини што биле одобрени во нивните матични земји и меѓународните регулаторни тела, но дека сите вакцини ќе треба да бидат одобрени од нивните домашни агенции и институти.

Слични содржини