Вучиќ: „Кога не можат да ги обвинат Макрон или Курц за нешто, велат ајде да го згазиме Вучиќ“ (видео)

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград учествува на меѓународната конференција „Светот по коронавирусот“.

Вучиќ истакнла како пандемијата влијаела врз економијата и оценил дека Германија и Кина излегуваат од пандемијата со голема сила.

„Кина беше прва што се избори со пандемијата и има желба да го продолжи она што го сака Америка – глобализација и заземањето на позицијата клучен играч во глобализацијата. Таа успеа да покаже доза на солидарност што многумина не можеа да ја покажат”, рече тој.

Според Вучиќ, Србија треба да „излезе од сенката на големите“.

„Кога тие не можат да ги обвинат Макрон или Курц за нешто, велат ајде да го згазиме Вучиќ. За мене не е проблем што сум тука, туку дека Србија ќе ги почувствува последиците“, заклучил тој.

Конференцијата се одржува како дел од иницијативата „Белградски стратешки дијалог“, а како што најавилеборганизаторите, таа ќе биде посветена на анализирање на геополитичките, економските и здравствените аспекти на пандемијата на коронавирус преку три тематски панели.

Слични содржини