Вучиќ: Можеме да им помогнеме на Македонија и Албанија со храна и струја доколку се продлабочи кризата

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа истакна дека во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ секој може секому да помогне и дека тоа е многу важно, особено во услови на криза.

„Можеме да им помогнеме на сите со гас, во одредени денови со струја во Северна Македонија, едни со други можеме да си помагаме со храна“, одговори Вучиќ на прашањето кој кому може да помогне во рамките на „Отворен Балкан“ доколку дојде до подлабока криза.

Тој објасни: „Да речеме дека има денови кога хидролошката состојба е подобра, Албанија може да ѝ помогне на Северна Македонија и нас со струја, а кога е лоша, Србија може да им помогне“.

„Тоа се важни работи“, истакна Вучиќ во интервјуто за Тв Пинк.

Слични содржини