Вучиќ: На С.Македонија и ветуваа се и сешто и името го сменија, а видете што им направи ЕУ

ЕУ се уште не ги отвори пристапните преговори за С.Македонија, иако таа го смени и името, посочи претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето гостување на Прва тв, каде беше запрашан зошто Србија не отворила досега ниту едно поглавје за преговори со ЕУ.

„Има навистина многу работи кои треба да ги направиме поинаку, но и подобро, и кон таа патека ќе продолжиме. На пример, ЕУ не ги отвори преговорите со С.Македонија иако тие го сменија и името на земјата, а од таму им ветуваа кули и градови, и ги мамеа со се и сешто, а на крајот видете што се случи“, истакна Вучиќ.

Слични содржини