Вучиќ: Надворешниот фактор ја растури Југославија, неодговорно е тоа да му се препишува на Милошевиќ

од Milan1

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по повод денешниот ден 29 ноември кој се славеше за роденден на СФР Југославија, која ја сочинуваа шест републики и две покраини, изјави дека верува оти надворешниот фактор бил клучот за уништување на поранешната заедничка држава.

Вучиќ рече дека е важно да се слушаме и кога размислуваме поинаку.

-Кога го почнавме дијалогот, сите имаа можност, како и денеска, да го кажат своето мислење. Знам дека не бевме „бели ангели“, но мислам дека надворешниот фактор беше пресуден за уништувањето на Југославија. Неодговорно е се да му се припишува на Милошевиќ, изјави Вучиќ во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк.

Слични содржини