Вучиќ: Наскоро дијалог со Приштина, верувам во компромис

од Nikola Popovski

На состанокот помеѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и другите регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак, се придружил и специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Метју Палмер.

„Добар разговор со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан Метју Палмер“, напишал Вучиќ на својот Инстаграм профил.

„Дијалогот со Приштина ќе продолжи наскоро и верувам во можноста за постигнување компромисно решение“, додал српскиот претседател.

Слични содржини