Вучиќ: Не бараме туѓо, Косово е нешто што нема да дозволиме да ни го земете

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Косово секојдневно го грабнуваат како врани и гаврани, но нагласи и дека Косово е нешто што „нема да дозволиме да ни го земат“, пренесува Косово онлајн.

„Ние не бараме ништо од другите, само сакаме да бидеме свои на свое. Косово и Метохија е нешто што нема да дозволиме да ни го одземете, а за разлика од некои други времиња, никому не сме се заканиле ниту сакаме Единствено што направивме и побаравме е да не почитуваат нас, како што ние ги почитуваме сите други“, рече Вучиќ во Лесковац, на прославата на 14 години Српска напредна странка.

Како што вели, денес, кога од нас го бараат срцето на нашето национално битие, нашето, додава, не е да им се закануваме туку да зборуваме скромно и дека тоа што се однесуваме одговорно и сериозно не значи дека се слаби.

„Србија денес е посилна од 1999 и 2012 година во секоја смисла. Наше е да продолжиме да работиме и да градиме фабрики и железници и да се грижиме за нашите деца“, рече Вучиќ.

Вучиќ им се заблагодари на жените што се разумни и што се грижат за своите сопрузи и татковци.

„Мораме да ја заштитиме Србија и нашите животи. Мораме да се обидеме да го зачуваме мирот, а во исто време да бидеме силни и горди и да го чуваме она што е наше и љубоморно да не го даваме никому“, рече Вучиќ.

Тој додава дека тоа е единствената политика која води кон иднината. Како што вели, тоа е само рационална и сериозна политика.

Слични содржини