Вучиќ нема повеќе да биде лидер на СНС

од Aleksandar Todeski

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека неговата партија, Српската напредна партија (СНС) во јуни 2020 година ќе добие целосно ново раководство, од претседател до членови на Главниот одбор.

Вучиќ нема да се кандидира за лидерската функција во партијата, а изрази надеж дека неговиот наследник ќе може да ја предводи партијата како што доликува.

Тој истакна дека партијата ќе одржи собрание на Видовден, 28 јуни, а тогаш ќе бидат избрани и членовите на сите партиски тела.

Лидерот на владејачката СНС, исто така, изјави дека премиерката Ана Брнабиќ на денешната седница на Главниот одбор е избрана за член на Претседателството на партијата со акламација од сите членови на одборот.

Слични содржини