Вучиќ: Новата Влада ќе работи забрзано на патот кон ЕУ, но нема да биде антируска

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека верува оти идната влада ќе биде влада која ќе се грижи за интересите на Србија и додаде дека тоа ќе биде српска влада која ќе работи напорно за да го забрза пристапот на Србија во Европската унија, но дека таа сигурно нема да биде антируска.

Одговарајќи на новинарско прашање во Белград до каде се консултациите и дали идната влада на Србија ќе биде проевропска или проруска, Вучиќ повтори дека за консултациите ќе зборува кога ќе завршат, но дека е веќе сосема јасно, уште по првите два дена консултации, дека има недвосмислено мнозинство во Народното собрание на Србија.

Во врска со евентуалниот нов предлог-закон за полиција изјави дека нема никакви информации за него, но дека Србија сигурно нема да донесе закони кои не се во согласност со европските правила и највисоките европски стандарди.

На новинарско прашање дали доколку има нов предлог-закон за полиција, односно ако Собранието го усвои, ќе потпише акт со кој ќе се овозможи следење со биометриски камери, Вучиќ рече дека не знае за што се работи, односно дека ништо нема да се случи додека не се формира новиот закон влада и парламент.

Слични содржини