Вучиќ: Од утре забрана за собири, полициски час од петок

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека од утре е забранет секој јавен собир во Белград, а од петок ќе биде воведен полициски час за забрана за движење до понеделник.

Ситуацијата во Белград е алармантна поради коронавирусот, и сериозна и во четири други градови, рече Вучиќ кога се обрати пред јавноста во Претседателството на Србија.

„Од утре ќе има забрана за секој собир на повеќе од 5 лица на отворено, а полицискиот час ќе следи од петок до понеделник“, рече претседателот на Србија.

Тој додаде дека ќе биде дозволена прошетка на мајки со деца, пензионери и лица со миленичиња.

Говорејќи за состојбата со короната, Вучиќ рече дека денес бил најтежок ден во Србија затоа што починале 13 лица, дека 110 пациенти биле на респиратор до 15 часот, и дека веќе се 120.

„Скоро 4.000 позитивни на корона има во болниците, нашите болници се полни“, рече тој.

Тој додаде дека сите известувања ќе следат по состанокот на Кризниот штаб.

Вучиќ истакна дека негова прва грижа е да ги штити граѓаните и дека сите политички реакции, сите тави, лутина, да бидат насочени кон него, а не кон лекарите.

Слични содржини