Вучиќ: Особено сум среќен што сум домаќин на Заев, еден од основачите на Отворен Балкан

од Nikola Popovski

Во Белград денеска се одржува Самитот на лидерите на Отворен Балкан, а по тој повод уште еднаш на Инстаграм се огласи и претседателот на Србија, Александар.

„Посебно сум среќен што денеска во Белград можев да го поздравам и угостам мојот искрен пријател и еден од основачите на Отворен Балкан, Зоран Заев“, напиша Вучиќ.

Со Самитот покрај претседателот на Србија, претседаваат и премиерот на Албанија, Еди Рама и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

На самитот присуствуваат и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија, министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Слични содржини