Вучиќ: Отворениот Балкан е незапирлива иницијатива на народот на Балканот

од Берта Китинска

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на почетокот на средбата на лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“ во Охрид истакна дека тоа е иницијатива на луѓе од Балканот и изрази уверување дека повеќе граѓани на Северна Македонија , Србија и Албанија и другите земји од регионот би го поддржале.

„Ова е наша иницијатива, иницијатива на луѓето од Балканот, оние кои разбираат дека мора да се поврзат и дека треба сами да ги решаваат проблемите. Се што направивме, и во економијата и се што е важно за граѓаните, се рефлектира во односите меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија.Речиси немаме билатерални отворени прашања, немаме никакви барања кон никого, освен да бидеме пријатели и да работиме за доброто на граѓаните“, рече Вучиќ.

Тој особено му се заблагодари на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, што дојде на митингот да ја поддржи иницијативата.

Слични содржини