Вучиќ победи и во Скопје и Куманово

од Nikola Popovski

Српските претседателски и парламентарни избори се одржаа и на две избирачки места во Македонија.

На избирачкото место во српската амбасада во Скопје, Александар Вучиќ освоил 485 или 90 отсто од гласовите од вкупно 538 гласачи, додека Српската напредна партија на парламентарните избори освоила 355 или 66 отсто од гласовите.

Во Куманово, каде за првпат било отворено избирачкото место за српските избори, Александар Вучиќ освоил 295 гласови или 95 отсто од вкупно 311 гласачи, додека Српската напредна партија освоила 264 гласа или 82 отсто, СПС 20, додека другите листи добиле вкупно 27 гласа, соопшти „Срби.мк“.

 

Слични содржини