191
Српскиот претседател Александар Вучиќ поради кардиоваскуларни проблеми примен е на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, соопшти утринава Генералниот секретеријат на претседателот.
Српскиот претседател, како што јави дописникот на МИА од Белград, примен е вчера на ВМА во доцните поладневни часови.
Според потврдата на неговата советничка, Сузана Васиљевиќ, неговата здраствена состојба е стабилна и поради мерки на претпазливост тој се уште се наоѓа на ВМА.
Засега не се знае кога ќе биде пуштен дома и тоа ќе зависи од проценка на лекарите, изјавија од неговиот Кабинет.