Почетна / TOP NEWS / Вучиќ прозборува бугарски

Вучиќ прозборува бугарски

Српскиот претседател Александар Вучиќ им се обрати на присутните граѓани на бугарски јазик на церемонијата по повод отворањето на последниот дел од Коридорот 10, со кој се заврши изградбата на источниот крак на Коридорот од Димитровград до Ниш, пренесе РТС.

Коридорот 10 ја заокружи изградбата на главниот автопат од Димитровград до Ниш и Претседателот им се обрати на присутните политичари и посетителите на бугарски јазик.

„Добар ден и добредојде, премиере Борисов и останати бугарски пријатели. Јас сум многу среќен што Србија изгради модерен автопат меѓу нашите две пријателски нации“, рече Вучиќ на бугарски јазик, додавајќи со смеа дека треба да биде поддржан затоа што се потрудил.

Претседателот на Бугарија, Бојко Борисов, го пофали Александар Вучиќ.

loading...