Вучиќ разговараше со Путин: Добивме добра цена за гасот

од Берта Китинска

За време на денешниот разговор меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин, беше договорено да се потпише нов договор за снабдување со гас на 3 години, а формулата за пресметка на цената да остане иста, изјави претседателот Вучиќ во Белград.

„Путин и јас имавме многу добар разговор утрово. Разговаравме на повеќе теми. Билатерални односи и договорот за гас. Ги договоривме главните елементи кои се поволни за Република Србија. Она што го договоривме е да потпишеме договор на 3 години, а не на еден месец, што мислам дека исклучително ни одговара, а платформата и формулата ќе останат исти“, истакна Вучиќ.

Тој рече дека цената ќе биде многу поволна, и дека доколку се реализира се’ од разговорите со Путин, во однос на снабдувањето со гас, Србија ќе има безбедна зима и изрази благодарност до руските партнери за поддршката.

Слични содржини