Вучиќ: Сакаме да сме дел од ЕУ, но мора да соработуваме со Кина и Русија за да преживееме

од Берта Китинска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска  од Брдо кај Крањ изјави дека Србија, додека е на европскиот пат, мора да се грижи за себе и своите односи со Русија и Кина и дека никој не може да ја обвини што сака да „преживее“.

„Сакам да верувам дека иднината на Западен Балкан е навистина во Европската унија, но никој нема право, и јас зборував за тоа денес, за да не обвини што сакаме да живееме и да преживееме“, рече тој за новинарите на Брдо во близина Крањ по самитот на ЕУ на Западен Балкан.

Тој наведе дека ова е тема што ги загрижува сите на Западен Балкан бидејќи цените нагло растат, за што беше разговарано и на самитот.Тој рече дека Србија, додека е на европскиот пат, мора да се грижи за себе и своите односи и со Русија и со Кина.

Слични содржини