Актуелно
Почетна / Глобално / Балкан / Вучиќ: Се боревме за тоа Ер Србија да не лета за Приштина, не е погодно

Вучиќ: Се боревме за тоа Ер Србија да не лета за Приштина, не е погодно

Србија бара Ер Србија да не лета на новата авиолинија Белград-Приштина, туку тоа да биде некоја друга авиокомпанија, изјави Вучиќ од Давос за РТС.

Српскиот претседател истакна дека во домашната јавност може да забележи „огромно незнаење“, кое е дел на опозицијата која прашува зошто Ер Србија нема да лета.

„Не е погодно Ер Србија да лета од многу причини.Тие ќе треба да потпишат договори со нивните авијациски власти, дирекциите и аеродромот. Тогаш беше многу полесно да се стори тоа преку Луфтханза и ние побаравме од КФОР да посредува“, рече Вучиќ за РТС и нагласи дека некој што го истражува овој случај, треба многу да знае.

Коментирајќи го она што го кажаа некои дека со потпишување на писмото со намера за обновување на летот Белград-Приштина, се загрозува независноста на Косово, Вучиќ рече дека „во Приштина независноста е загрозена веднаш штом ќе видат Србин“.

Тој изјави дека не сфаќа како некој во 21 век го критикува воспоставувањето авиокомпании и изградбата на автопати за слободна трговија. „Не можевте да си го дозволите тоа во 15 и 16 век, а дури ни сега. Некои луѓе останаа во раната феудална ера“, заклучи тој.

loading...