Вучиќ се сретна со амбасадорот Кристофер Хил: „Зачувување на мирот и стабилноста на Западен Балкан“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Кристофер Хил, со кого разговараше за деталите од билатералната соработка, особено во светло на низата успешни средби што српската делегација ги имаше во Њујорк со американски претставници на маргините на Генералната дебата на 77-та сесија на Собранието на Обединетите нации. На средбата се разговараше и за други важни билатерални прашања и односи меѓу Србија и САД, како и клучните проблеми во регионот на Западен Балкан.

Вучиќ истакна дека Србија е посветена на зајакнување на економските и билатералните односи со САД и дека во тој контекст е задоволен од разговорите што ги имал во Њујорк со бројни претставници на американската администрација, како и деловни луѓе кои пројавиле интерес за соработка во области каде што големите потенцијали не се доволно искористени.

Во текот на разговорот, беше истакната заедничката потреба за интензивирање на соработката меѓу двете земји во сите области, но и во сферата на енергетиката, која дополнително треба да се продлабочува и зајакне преку заедничка реализација на конкретни проекти од суштинско значење за напредокот на Србија.

Зборувајќи за состојбите во регионот, соговорниците заклучија дека зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е од клучно значење и додаде дека економскиот просперитет и фокусирањето на решавање на економските проблеми може да биде од голема помош за отстранување на политичките несогласувања.

Вучиќ изрази надеж дека во продолжување на политиката на регионална интеграција и отворен повик за соработка до сите земји од регионот, ќе има силна поддршка од САД, како и дека САД ќе бидат сигурен партнер на Србија во бројни проекти од регионално значење.

Слични содржини