Вучиќ се сретна со Борел: „Се надевам на некакво решение, иако не верувам во тоа“

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Брисел се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, како дел од продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво по повеќе од една година.

„Почеток на разговорот за суштинските проблеми на Косово. Се надевам на некакво решение, иако воопшто не верувам во тоа“, наведе Вучиќ на Инстаграм заедно со фотографиите со Борел.

Претходно, Борел и Лајчак разговараа со премиерот на Косово, Албин Курти.

Слични содржини